Ахмети - Баумгартнер: Очекуваме датум за првата конференција со ЕУ
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети се сретна денес со Амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, г. Кирил Баумгартнер.
Ахмети и Баумгартнер разговараа за последните политички случувања во Северна Македонија, важноста на политичката стабилност и конзистентност за земјата да продолжи со нејзиниот пат кон Европската Унија и што побрзото решавање на спорот со Бугарија.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изрази благодарност до амбасадорот Баумгартнер за континуираната поддршка што Република Франција и ја дава на земјата, нагласувајќи ја потребата од понатамошно продлабочување на добрите билатерални односи меѓу двете земји.
Ахмети ја оцени како исклучително важна улогата и конструктивниот пристап на Франција за европската перспектива на Северна Македонија, особено во периодот на нејзиното претседавање со Европската Унија во периодот од Јануари до Јуни 2022 година, поздравувајќи ја иницијативата на Самитот за Западен Балкан за време на француското претседавање.
Г. Ахмети го поздрави изборот на новата влада во Бугарија и ја изрази потребата и подготвеноста за одвивање на интензивен и конструктивен дијалог во следните месеци за затварање на билатералното прашање меѓу двете земји и за одржување на првата меѓувладина конференција со Европската Унија.
Двајцата соговорници ја изразија подготвеноста и потребата за поинтензивна соработка меѓу двете земји во насока на унапредување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и земјите на Западен Балкан, што поскоро одржување на првиот меѓувладин состанок и одредување датум за преговори со Европската Унија.
ДУИ
Ново на Сител
-
Венко Филипче е единствениот кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори
-
Претседателката ја поздрави засилената дипломатска активност на премиерот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски?
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче - се презентираат видео снимки од домот на обвинетиот Манев
-
Безбеден град: И полициски возила со паметни камери ќе детектираат погрешно паркирање
-
21-ви февруари, Меѓународен ден на мајчиниот јазик
-
СДСМ: Зошто уште не е формиран инспекторат за употреба на македонскиот јазик?