Свет
29. September 2015 - 20:11

Ахим Штајнер поднесе кандидатура за прв човек на УНХЦР

Извршниот директор на Програмата за животна средина на Светската организаcија (УНЕП), Ахим Штајнер денеска потврди дека се кандидирал на функцијата висок комесар на ОН за бегалци, јави ДПА.

- Можам да потврдам дека до генералниот секратар (на ОН) ја поднесов мојата кандидатура за функцијата висок комесар на ОН за бегалци, изјави Штајнер.

Штајнер, кој има бразилско и германско државјанство, нагласи дека неговата кандидатура е поддржана од Германија.

Претходно овој месец за функцијата прв човек на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Владата во Копенхаген ја предложи поранешната данска премиерка Хеле Торнинг-Шмит.

Новиот висок комесар на ОН за бегалци треба да ја преземе должноста во јануари 2016 година, кога истекува вториот петгодишен мандат на актуелниот прв човек на УНХЦР, поранешниот португалски премиер Антонио Гутиереш.