Агверо сака во Индепедиенте

Фудбалерот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, изјавил дека би можел да го напушти клубот кога во јуни 2019 година ќе му истече договорот. Агуеро во 2011 година од Атлетико Мадрид се пресели во Сити, а професионалната кариера ја започнал во Индепендиенте.
Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити рекол дека отсекогаш размислувал да се врати во клубот од Буенос Аирес.
Агуеро не ја исклучува можноста и да го продолжи договорот со клубот на уште една сезона, односно до јуни 2020 година.
„Некаде прочитав дека Милан и Реал Мадрид се заинтересирани за моите услуги, дека можат да му го расипат сонот на Индепендиенте. Но, јас секогаш сум размислувал за враќање во Буенос Аирес, секако кога ќе ми заврши договорот со Сити. Можам да го продолжам договорот, но идејата е да се вратам во Аргентина“, ја пренесе „Скај“ изјавата на Агуеро.
Серхио Агуеро пред десет дена стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер сити. Голот што го постигна против Наполи во Лигата на шампионите беше 178. во дресот на Сити.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
