Агро Бизнис Форум 2015
Под мотото „Модерно во агро“ денеска во Скопје ќе се одржи Агро Бизнис Форум 2015, во организација на ПроКредит Банка.
На настанот ќе бидат соопштени и наградени агро бизниси кои се занимаваат со примарно земјоделие, органско производство и преработка на земјоделски производи кои изминатата година направија значајни инвестиции во модернизација и развој, имплементираа иновативни практики кои се уникатни во Македонија и имаат значајни планови за раст во иднина.
ПроКредит Банка за наградените обезбедува посета на модерен агро бизнис во странство, каде ќе може да разменат искуства и знаења за нови инвестиции и иновации во нивната бранша.
На форумот треба да се обрати и министерoт за земјоделство шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој ќе ги соопшти новите законски измени кои отвараат нови можности за македонските земјоделци.
Настанот е отворен за сите бизнисмени кои се занимаваат со земјоделие, прехрамбената индустрија и нивните комплементарни дејност и од настанот гледаат отворена бизнис можност за нова соработка, размена на искуство, следење на трендовите на иновации.
ПроКредит банка до сега има наградено над 30 успешни агро бизниси. Минатата година наградените агро бизниси учествуваа на наголемиот саем за земјоделие и храна во Европа-Fruit&Logistika во Берлин.
Ново на Сител
-
Протести во Ореовец
-
Почнаа дебатите за реформи на Судскиот совет, конечно решение се очекува до крајот на декември
-
Преглед на вестите од светот
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија