-->
-->
Агенцијата за филм на РМ на Japan Content Showcase 2015 во Токио
-->
Агенцијата за филм на Република Македонија од денеска до 22 октомври со свој штанд во склоп на Location Pavilion учествува на големиот маркет Japan Content Showcase во Токио.
Агенцијата ќе ја промовира Македонија како дестинација за снимање филмови и поволностите кои таа ги нуди за реализација на филмски, односно телевизиски проекти, како што се правото на поврат и ниските даноци, а ќе ги промовира и копродукциските можности во кои Република Македонија учествува со малцински финансиски удел.
Japan Content Showcase е мултимедијален маркет кој се одржува во склоп на Токискиот филмски фестивал. Маркерот е наменет за претставници од филмската, телевизиската, музичката и други сродни индустрии од цел свет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја