Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер со видео објавено на социјалните мрежи го честита Денот на македонскиот јазик.
-Честит Ден на македонскиот јазик! Дали знаете дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје? По повод овој ден, ги замоливме нашите колеги и волонтерите на Мировниот корпус на САД да кажат неколку македонски поговорки по нивен избор. Еве што избраа, нагласува во видеото Агелер.
Учиме македонски. Учиме поговорки типични за македонскиот јазик.„Кој рано рани, две среќи граби“, „Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“, „Два пати помисли, еднаш прозбори“, „Далеку оди и за дома мисли“, „Без мака, нема наука“, „Виното и ракијата немаат нозе, ама по нозе маваат“, „трпение, спасени“....се дел од поговорките на македонски јазик во видео ги кажуваат вработените во американската амбасада и волонтерите на Мировниот корпус на САД.
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија
-
Мицкоски до полицијата: Правдата мора да дојде преку непоткуплива полиција, чувајте ја Македонија
-
СДСМ Куманово обвинува дека Максим Димитриевски е фатен во огромна корупција