Агелер: На Груби и Беџети но и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД
Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер денеска на прес-конференција информираше дека поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети се ставени на американската црна листа поради политичко мешање и обиди за оцрнување на судството во државата. Таа подвлече дека на нив и на нивните најблиски им е забранет влезот во САД, а во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции.
-Стејт департментот на Соединетите Aмерикански Држави вчера презедоа значаен чекор во борбата против корупцијата, со ставање на поранешниот вицепремиер Артан Груби и апелацискиот судија Енвер Беџети на американската црна листа, поради политичко мешање во судството. Затоа, на нив и на нивните најблиски членови на семејството им е забранет влезот во САД. Во Вашингтон во меѓувреме се разгледуваат и дополнителни санкции, рече Агелер.
Како што рече, се надева оти со ова ќе покажат дека САД ги користи сите можни алатки за повикување на одговорност кон овие лица, чии криминални активности ја нарушуваат безбедноста, стабилноста и доброто владеење во Северна Македонија.
-Согласно законот во САД, мора да ги ставиме на црната листа лица за кои постојат докази дека се вклучени во корупција, без оглед на нивните минати или сегашни функции. Велиме дека правдата е слепа, но таа мора да биде непристрасна и обејктивна за сите, без разлика на политичка партија, пол или етничката припадност, додаде Агелер.
Таа смета дека корупцијата во ниедна форма не треба да се толерира во оваа држава.
-Оние кои го поткопуваат владеењето на правото заради лична добивка, а на сметка на народот во Северна Македонија, треба да разберат дека корупцијата има последици. САД ќе продолжи да повикува на одговорност за сите инволвирани во коруопција, и се надевам дека судството и оние кои го спроведуваат законот во оваа држава ќе го направат истото. Граѓаните на оваа тоа го заслужуваат, додаде Агелер.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни два пожари, под контрола еден, еден изгаснат
-
Поради лошата традиција со пукање на свадби и прослави, од залутни куршуми за месец дена оштетени пет автомобили
-
На Ќафасан се чека околу 40, а на Табановце и Богородица околу 30 минути
-
Поскапуваат бензините, поевтинуваат дизелот и Екстра лесното масло
-
Уапсен кумановец, возел со 1.80 промили алкохол во крвта
-
Поради дефект без вода делови од Ченто
-
Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
-
Изминатиот викенд 1077 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 314 за брзо возење