Македонија
27. November 2025 - 16:39

Агелер: 100% сум сигурна дека Владата работи напорно на интеграциите

Македонија напорно работи на процесот на евроинтеграции. Американската амбасадорка е цврсто убедена во посветеноста на Владата да најде решение по проблемот кој го наследи во односите со Бугарија.

Таа во интервју за ТВ21 вели дека е охрабрена од ангажманот и фактот што македонските претставници постојано се во Брисел и другите европски престолнини во обид да ги прецизираат очекувањата со Европската Комисија.

Агелер упати силни критики до судството за кое констатираше дека се уште не испорачува резултати. На премиерот му порача, од зборови, да прејде на дела.

Агелер го поздрави апсењето во случајот ИПАРД но изрази сомнеж дека вината треба да се ограничи само на еден човек

Таа изрази задоволство од напредокот во изградбата на Коридорот 8 кој рече дека го гради врвна американската компанија и кој според неа не само што ќе ја зајакне безбедноста на државата туку ќе помогне и во нејзиниот економски развој.