-->
-->
Агаси отпаѓа, Штепанек нов тренер на Ѓоковиќ
-->
Чехот Радек Штепанек, некогаш осми на тениската АТП листа, е еден од главните кандидати за нов тренер на Новак Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ на почетокот на мај ја раскина соработката со комплетниот стручен штаб, а по мастерсот во Рим објави дека негов тренер ќе биде прославениот Андре Агаси.
Сепак, иако беше присутен на Ролан Гарос, славниот Американец не е во можност целосно да ѝ се посвети на работата со српскиот тенисер. Агаси со Ѓоковиќ беше само за време на првата недела на Ролан Гарос.
Српскиот весник „Политика“ објави дека долгогодишното пријателство помеѓу Шташанек и Ѓоковиќ, односно фактот дека тие двајца често трениераат заедно може да доведе тие да почнат да соработуваат како играч и тренер.
Истиот извор наведе дека евентуалниот ангажман на Штепанек нема да значи и крај на соработката на српскиот тенисер со Андре Агаси.
Во меѓувреме, Ѓоковиќ со семејството пристигна во Белград каде ќе се подготвува за третиот гренд слем, Вимблдон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник