Аеродромската зграда е блокирана - едно лице убиено во полициска акција
Непознат маж е убиен на аеродромот „Орли“ во Париз, откако се обидел да му го одземе оружјето на еден војник, јави дописникот на МИА од Париз.
Инцидентот се случи околу осум часот и 30 минути во јужниот терминал на аеродромот. Напаѓачот дејствувал сам, се фрлил кон воената патрола и се обидел да му го одземе оружјето на еден од војниците, по што се засолнил во една продавнициа на аеродромот, пред да биде застрелан, објасни портпаролот на француското Министерството за внатрешни работи, Пјер-Хенри Бранде.
- Во тек е полициска акција, истакна Бранде, апелирајќи на граѓаните да ги следат инструкциите.
Според медиумите, нема повредени лица, а аеродромот бил евакуиран веднаш по пукањето во еден од терминалите.
Аеродромската зграда е блокирана и веднаш се испратени специјални полициски единици.
Министерот за внатрешни работи Бруно Ле Ру се наоѓа на местото на настанот.
Аеродромот „Орли“, кој е втор по големина во Франција, се наоѓа на дваесетина километри јужно од Париз.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид