Аеродромот на Сицилија затворен поради активност на вулканот Етна

Меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија и денеска е затворен поради вулканската активност на Етна, а летовите се пренасочуваат на аеродромот во Палермо.
Авиокомпаниите организираат автобуски превоз за патниците. На аеродромот во Сицилија слетуваат и полетуваат авиони на „Рајанер“, „изиЏет“, „Визер“, КЛМ и „Луфтханза“.
Етна вчера почна да исфрла пепел, а аеродромот „Катанија-Винченцо Белини“, што е лоциран 45 километри од вулканот, и вчера беше затворен за авиосообраќај.
Според најновиот извештај од Вулканолошката опсерваторија за воздухопловство, издаден утрово, вулканскиот облак достигнува висина од околу 4.500 метри. Италијанската цивилна заштита на 26 јуни го зголеми нивото на тревога од зелена на жолта боја, откако регистрираше „зголемување на вулканските потреси“. Минатата недела беа објавени и спектакуларни снимки од дрон на кои се гледаат реки лава како течат по вулканот.
Етна, со висина од околу 3.300 метри е најголем активен вулкан во континентална Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Акција на Task Force: Прегледани 197 возила и 295 лица, пронајдени 79 пакувања дрога и „Глок 17“
-

40-годишник со употреба на електрошок изнудил 110.000 денари од три жени во Пробиштип
-

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
-

Со дрон и камерите на „Безбеден град“ ги барале исчезнатите кај Блаце, ги пронашле мртви во превртен „Мерцедес“
-

Меси: Шпанија беше подобра
-

Кривична за вработен на Меѓународниот универзитет во Тетово, присвоил 3.362.272 денари од студенти
-

Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
-

Орце Ѓорѓиевски: Кој работи и греши
