Аеродром прва општина во државата со фискална едукација во основните училишта

Започнувањето на проектот „Фискална едукација“ беше одбележано денеска во основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“. Со овој проект, како што беше нагласено, општина Аеродром станува прва општина во државата што ја воведува фискалната едукација во основните училишта.
На настанот присутни беа градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, како и државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска.
Ученици во „Браќа Миладиновци“ низ игра и креативна работилница, меѓу другото, се запознаа со даноците.
-За да имаме одговорни граѓани и идни генерации кои се свесни за значењето на даноците, мора да работиме на информирање и градење на знаењето. Даночната култура и даночната свест започнуваат од знаењето, а знаењето започнува во образовниот процес. Управата за јавни приходи долги години спроведува активност, фискална едукација на млади, досега претежно во средните училишта. Оваа активност од минатата година ја освеживме со нови содржини, посовремени, поинтересни и поблиски до денешните генерации, нагласи Петрова во изјава за медиуми.
Како на пример, додаде, видео - клипот данок плати, во иднина да ти се врати, даночен квиз што може да се симне и да се користи на компјутери, мобилни уреди и слично.
- Сега одиме чекор понапред и фискалната едукација на млади ја симнуваме и во основните училишта. Едукатори од УЈП заедно со наставници од основните училишта ќе работат со децата, со учениците, на еден забавен, интерактивен начин со интерактивни, креативни игри и задачи, да им пренесат, како се собираат даноците, како се трошат парите од даноците и дека фискалната сметка не е обично парче хартија, туку е еден симбол на заеднички придонес на сите нас, истакна Петрова.
Таа појасни дека овој проект, за фискална едукација во основните училишта, започнува во ова училиште и изрази благодарност за поддршката во процесот, до вработените, до градоначалникот и Министерството за образование и наука.
Притоа нагласи дека веруваат оти со ваквите активности, се зголемува вредноста на разбирањето на дечињата и тие ќе знаат дека секој денар данок платен денес, значи, подобро општество утре.
Ивановска појасни дека од денеска во училиштата во општина Аеродром, најмалите ќе имаат можност да се запознаат со значењето на даноците, начинот на кој функционира даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции. Но, и за важноста за совесно и одговорно однесување и транспарентно однесување со јавните средства. Притоа изрази благодарност за поддршката, до УЈП, градоначалникот и МОН.
Митески изрази задоволство што токму општина Аеродром е прва, во која започнува овој проект за фискална едукација на учениците, најмладите. Тој изрази надеж дека тоа ќе вроди со позитивни резултати и искажа благодарност до УЈП и МОН, за спроведувањето на овој проект, за првпат во основните училишта во државата.
МИА
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2026 е развоен, реален и одговорен, а граѓаните да бидат спокојни – државата е финансиски стабилна
-

Цената на преспанското јаболко со Ордан Чукалиев | Неформално | Sitel Podcast 124
-

Церемонија на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Сиљановска-Давкова
-

Здружение „Безбедни патеки“: Србија има најголем број на загинати во несреќи во Европа
-

Се отвора нова страница во развојот на трансплантациската медицина со успешно започнување на трансплантација на рожници
-

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции
-

Зеленски ги разреши министрите за енергетика и правда од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина
-

Полициски службеник си пукал во рака додека го проверувал своето оружје
