Аџиоски: Граѓаните ќе ја испратат криминалната влада на СДС и ДУИ во долга опозиција

Проблемите се секаде исти. Жителите на овие населени места се соочуваат со неправди од централната власт, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Мирче Аџиоски на денешната средба со житреите на населените места Избиште, Крушје, Лева Река, Кривени и Јанкоец, во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.
Аџиоски посочи дека граѓаните се заборавени од централната власт, истакнувајќи дека е потребна промена.
Овие луѓе се заборавени, обесправени и оштетени од централната власт бидејќи нивниот род се плаќа со многу пониски цени од реалната вредност на она што треба за да се произведат, конкретно јаболката, додаде тој.
За да се промени оваа слика, мора власта да ја испратиме во историјата и да дојдат нови луѓе кои што ги знаат проблемите и знаат како да ги решат проблемите со кои се соочуваат граѓаните, вели Аџиоски.
Аџиоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и затоа е секогаш со народот.
Ние потекнуваме од народот и затоа сме помеѓу народот и тука ќе останеме и ќе продолжиме со оваа акција се додека не ги испратиме овие криминалци кои се на власт таму каде што заслужуваат, а тоа е долга опозиција, рече Аџиски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Централна свеченост по повод 18 август - Денот на Армијата
-

Муцунски: Надворешната политика е државна политика
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

„Не го гаснете селото“, нов протест на родителите на учениците од с. Долни Балван
-

Во голем пожар изгореа неколку куќи и штали во прилепското село Чаниште
-

Teма на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-

Пресек на состојбата со пожарите: Каде гори во Македонија?
-

Три смртни случаи од западнонилска треска за една недела – ДСЗИ проверува колку прскале општините
