„Аџибадем Систина“ не е Kовид болница
Согласно новата уредба на Владата, како и почитувајќи ги сите морално-етички и медицински принципи, ве известуваме дека Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не овозможува третман на пациенти позитивни на Ковид-19, освен пациенти кај кои за време на приемот и подготовката за интервенција е добиен позитивен тест за коронавирус, а истите се во животнозагрозувачка состојба и е потребен итен третман.
Болницата уште од самиот почеток има протокол во кој сите хоспитализирани пациенти се тестираат за коронавирусот со PCR брз тест, и со тоа сме единствени во нашата држава.
За време на интервенцијата се почитуваат сите безбедносни протоколи за заштита на персоналот, а потоа пациентите се префрлаат во целосно изолиран и посебно опремен дел за нивен третман, кој се наоѓа во посебно издвоен дел во болницата.
Со тоа, болницата на највисоко ниво ги заштитува другите пациенти и персоналот од пренос на вирусот. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ не прави прием на позитивни пациенти кај кои е потребен третман на болеста Ковид-19.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ