Адвокатската комора утре организира отворен ден за граѓаните
По повод одбележувањето на Европскиот ден на правдата, Адвокатската комора на Република Северна Македонија утре во Апелацискиот суд Скопје од 10:00 до 14:00 часот, организира отворен ден, при што граѓаните на средби со адвокати ќе можат да се информираат за своите основни права во повеќе области.
-Европски ден на правдата – 25 октомври, секоја година се одбележува во сите држави во Европа. Целта за негово одбележување е во сите европски држави, правдата да се доближи до граѓаните и тие да бидат запознаени со нејзиното спроведување. Интенцијата за одбележувањето на Европскиот ден на правдата е на граѓаните во Европа да им се овозможи одблизу да бидат запознаени со нивните основни права во повеќе области како семејно право, право на сопственост, наследување, договорно право, авторско право и слично, се наведува во соопштението од Адвокатската комора.
Иницијативата за одбележување на овој ден потекнува од Европската комисија и од Советот на Европа кои широко го поддржуваат организирањето на активностите во сите европски држави. Овој ден посебно се одбележува со организирање на отворени денови во судовите, средби на адвокатите, судии, медијаторите, нотарите со граѓаните, давање на информации и совети на граѓаните, симулации на судење, организирање на локални конференции и сл.
Ново на Сител
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа