Адвокатот Ќатоски ја оспори апанажата пред Уставниот суд
Функционерите да не земаат плата по престанокот на функцијата. Струшкиот адвокат Глигорие Ќатоски пред Уставниот суд ги оспори членовите од законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица според кои тие имаат право на надомест од државата. Ќатоски вели дека ова е спротивно на темелните вредностии на правото и принципот на еднаквост предвидени со Уставот. Или со апанажата работниците се ставаат во нерамноправна положба, а законот се коси и со ЗРО кој е генерален закон во оваа област и кој предвидува исплата на плати само за нешто што е сработено.
За апанажата на поранешните функционери претходно и Левица побара од Собранието да биде укината, но за предлогот гласаа само 16 пратеници.
Согласно законот функционерите може да бидат на апанажа од 3 до 12 месеци во зависност од тоа колку време биле на функција. Од последниот владин состав апанажа побараа Никола Димитров, Радмила Шеќеринска, Мила Царовска, Аријанит Хоџа и Седат Сулејмани.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар