Македонија
19. јуни 2022 - 16:31

Адвокатите алармираат дека алиментација се потешко се наплаќа

Како најголем проблем, со кој се соочуваат еднородителските семејства е наплатата на досудената издршка за малолетно дете или деца односно алиментацијата. Адвокатката Катерина Котеска-Калајџиевски, која е специјализирана за семејното право, семејно насилство и родово базирани дела, вели дека родителите се оставени сами на себе при наплатата на алиментациите преку извршител и со поднесување на кривична пријава, но не успеваат да наплатат поради сé почестата миграција во странство.

-Во 90% и повеќе случаеви се работи за таткото, заминат во странство со бугарски пасош, во Македонија се води дека е присутен, но тој физички не е присетен, нема приходи, нема имот и не постои можност за наплата, изјави Катерина Котеска Калајџиевски, адвокат.

Согласно податоците на статистика, еднородителските семејства се на граница на сиромаштија.

-Од годините назад, особено после пандемијата се наоѓшаат на граница на сиромаштија бидејќи многу од нив останаа без работа, издршката не можат да ја наплатат. Ако немаат помош од некој член од семејството, остануваат практично без приходи, вели таа.

Затоа предлага формирање државен фонд.

-Од кој парите на еднородителските семејства на кои им припаѓа ова право ќе биде наплатено, а потоа државата со своите механизми ќе бара наплата од лицето задолжено за плаќање на издршката, сополнува таа.

За овој предлог разговарала и со министерката за труд и социјална политика.