Адмирал Ефтимов: Авионот МиГ-29 не бил соборен
Началникот на Генералштабот на бугарската армија, адмирал Емил Ефтимов изјави за Бугарската национална телевизија дека немало експлозија на урнатиот авион-ловец Миг-29.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, има доволно очевидци кои го потврдуваат тоа, но постојат и доволно системи за набљудување за да се отфрли верзијата дека бугарскиот воен авион бил соборен.
Најверојатно причината, според бугарскиот адмирал Ефтимов, е ударот на авионот во водите на Црното Море, кој станало како бетон при контакт со авионот.
Тој потврди дека потрагата по црната кутија сè уште трае. Откриено е местото на несреќата, каде авионот се распрснал на илјадници парчиња на површина од 20 квадратни метри. Во реонот е забрането пливање, нуркање и преминување на пловни објекти. На авионот имало уште една ракета и сè додека не биде откриена постои ризик во оваа област, коментира адмиралот Ефтимов.
Дописникот на МИА од Софија потсетува дека експерти од невладиниот Атлантски совет во Бугарија не ја исклучуваат можноста авионот да бил соборен или од руски воен авион, бидејќи руските военовоздухопловни сили би можеле да се чувствуваат загрозени од ударот на целта од бугарскиот МиГ-29, или според другата верзија, бугарскиот воен авион можеби по грешка бил соборен од ракета истрелана од српски противвоздушни единици кои учествувале во вежбата кај Шабла.
Началникот на бугарската одбрана Ефтимов истакна дека борбените авиони во моментов престанале да летаат сè додека не заврши истрагата за инцидентот, која ќе трае 30 работни дена.
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
