Администрацијата на Трамп ги ублажува царините за автомобилски делови

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го намали влијанието на царините врз автомобилската индустрија, олеснувајќи дел од давачките за странски автомобилски делови што се користат во домашното производство и спречувајќи двојно оданочување на веќе постоечките царини за увезени автомобили.
– Претседателот Трамп гради силно партнерство и со домашните производители и со американските работници, изјави американскиот министер за трговија Хауард Латник. Ова е голема победа за неговата трговска политика, наградувајќи ги компаниите што произведуваат во САД и создавајќи услови за инвестиции и проширување на производството, додаде тој.
Претходната недела претставници на американската автомобилска индустрија го повикаа Трамп да не воведува 25-процентни царини за увезените делови, предупредувајќи дека таквиот потег ќе ги зголеми цените и ќе ги намали продажбите.
„Повеќето добавувачи немаат капацитет да одговорат на нагло прекинување на снабдувањето. Многумина веќе се соочуваат со тешкотии, а царините би довеле до затворање на погони, отпуштања и стечај“, се вели во отвореното писмо на претставниците на автомобилската индустрија до властите. „Пропаѓањето на еден снабдувач може да ја сопре целата производна линија“.
Ново на Сител
-

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ
-

МНРиНТ: Бугарското МНР сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политичари, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог
-

Прекинато водоснабдување во населбата 11-ти Октомври во општина Кисела Вода
-

Анкета: Рејтинот на Трамп падна на историско ниско ниво по настаните во Минеаполис
-

Македонски државјанин баран за три убиства уапсен во Тирана
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
