Адеми: Трајанов е „хејтер“
Павле Трајанов е „хејтер“ и противник на европската идеја бидејќи бара правична застапеност на Македонците и Албанците во владиниот кабинет, рече вчера на партискиот митинг на ДУИ во Тетово координаторот на пратеничката група на интегративците во Собранието, Арбр Адеми.
„Нашиот лидер Али Ахмети има за цел да се постигне напредок во општеството, младите иднината да ја гледаат тука, за тоа ни е потребен и сојуз внатре во земјата за да се отворат вратите на ЕУ. Не ни е потребен сега луксуз па да го сопираме европскиот пат заради партиски интереси. И не треба сега да ѝ се наштети на партиската организација на ДУИ. Но, од друга страна, слушнавме 'хејтерска' изјава на Павле Трајанов, како и на некои други, кои велат дека можело да има најмногу пет или шест Албанци како министри. Со нивната 'правична заастапеност“ тие се прикажуваат дека се против создавање на заеднички европски фронт. Но ние можеме и треба да го следиме нашиот претседател кој работи на унапредување на позицијата на Албанците, но и на сите луѓе во општеството. затоа повикуваме на единство, не на поделба“, рече Адеми.
Лидерот на Демократскиот сојуз и пратеник Павле Трајанов рече дека нема да гласа за новиот владин состав ако во него бројот на албански министри е поголем од македонските и не се почитува правото на правична застапеност, имајќи предвид дека според резултатите од пописот, според него, Владата треба да има најмногу 5 до 6 албански министри.
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование
-
Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп