Адеми: Се расчистија дилемите наметнати од опозицијата
Со вчерашното гласање на доверба на Владата се расчистија дилемите наметнати од опозицијата за нестабилно владејачко мозинство, изјави денеска заменик-координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми.
-Вчера се потврди тоа што сме го истакнале во повеќе наврати во последните 3-4 месеци, пред целата јавност. Тоа значи дека имаме конзистентност и во нашите ставови и политичко делување, така што претседателот на Владата го искористи правото кое произлегува и од Уставот, но и од Деловникот за работа на Собранието, за да бара поддршка и доверба од пратениците и тоа се случи, рече Адеми.
ДУИ, како што кажа, силно верува дека со вчерашниот чин на гласање за доверба на Владата, можат да се расчистат сите дилеми кои беа истакнати од страна на опозицијата во последниве три-четири месеци дека нема мнозинство, дека мнозинството е на стаклени нозе, дека тие веќе обезбедиле мнозинство од 61 пратеник, дека тие ќе иницираат оставка за недоверба на Владата.
-Вчера се потврди легитимноста и легитимитетот на оваа Влада, освен што таков легитимитет е добиен од граѓаните на 15 јули. Верувам дека нема да се повторат вакви ситуации, каде што лажно се претставува дека некој друг има мнозинство во Собранието и дека владејачкото мнозинство нема стабилност, рече Адеми.
Ново на Сител
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми