Адеми: Продолжуваат консултациите за обезбедување потребен број пратеници за усвојување на уставните измени
– Консултациите за обезбедување потребен број гласови за успешно усвојување на уставните измени продолжуваат со сите пратеници и со сите политички партии, изјави попладнево координаторот на пратеничката група на ДУИ во Собранието, Арбер Адеми.
Консултациите, нагласува Адеми, продолжуваат со сите релевантни фактори во државата во овој правец.
– Нашата цел е дека местото на нашата земја е во Европската Унија, рече Адеми потсетувајќи дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети во текот на неделата имаше средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи во однос на оваа тема.
Адеми нагласи дека се што е постигнато досега, почнувајќи од формулациите кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, се постигнати со консензус и со консултации со нашите меѓународни партнери, земајќи ги предвид најдобрите меѓународни практики.
– Во оваа фаза консултациите продолжуваат, плус сме во комуникација со сите пратеници во европското крило, ако може така да кажеме, за да успее овој процес на уставните измени, рече Адеми.
Прашан во однос на партискиот став за Законот за здруженија и фондации, Адеми рече дека во ДУИ се разгледуваат двете законски решенија, нагласувајќи дека тоа што е меѓународно неприфатливо нема да биде прифатено ни од нивна страна.
Ново на Сител
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците