Адеми: Координаторите на пратенички групи беа запознати со Предлог-законот за амнестија

Пратеникот и потпретседател на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми попладнево на прес-конференција рече дека како партија го поддржуваат Предлог-законот за амнестија. Со ова законско решение, како што посочи, биле запознати сите координатори на пратеничките групи.
- Пред да се усвои во Владата, од Министерството за правда ни го споделија драфтот до сите координатори на пратеничките групи. Однапред бевме известени за содржината на Предлог-законот за амнестија. Тоа е вистината. И на средбата со сите координатори што ја одржа министерот Лога исто така не извести за интенцијата на Министерството за правда водејќи се од реалната ситуација. Ги знаеме условите во затворите и затоа мислам дека интенцијата е добра. Треба сите да се грижиме за похумани услови во овие установи така што Демократската унија за интеграција го поддржува овој Предлог-закон, рече Адеми.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
