-->
-->
Адеми: Инвестирањето во децата е наш главен приоритет
-->
Денес за децата од сите возрасти се бара внимание од родителите, државата и воопшто од општеството, порача министерот за образование и наука Арбер Адеми по повод Меѓународниот ден на детето – 1 Јуни.
На својот фејсбук-профил Адеми истакнува дека овој ден не треба да се одбележи само како празничен, туку, како што вели, „да ни служи како ден на сензибилизирање да кажеме НЕ за секакво насилство и злоупотреба кон децата“.
-Секако, нашата поддршка за децата нема да изостане никогаш и инвестирањето во нив ќе биде наш главен приоритет, бидејќи инвестирањето во децата е инвестиција во иднината на земјата, напиша Адеми на Фејсбук.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори