Адеми: До септември треба да се дефинира концептот за државна матура

Министерството за образование и наука очекува до септември да се дефинира конечниот концепт за државната матура и за екстерното оценување.
- Ќе извршиме детална анализа на двата проекта вклучувајќи ги сите засегнати страни се со цел да дојдеме до едно најдобро решение. За државната матура имаше отпор математиката да биде задолжителна, а од друга страна имаме подобри резултати од минатата учебна година. Ова ни дава дополнително аргументи дека сме биле во право кога сакавме математиката да биде задолжителна, но сепак ќе се консултираме со сите засегнати страни околу натамошните чекори, изајви денеска министерот за образование Абдилаким Адеми, одговорајќи на новинарско прашање.
Во август, како што рече, може да се очекува да бидат свикани сите засегнати страни.
- До септември сакаме да имаме нов концепт и овој период ќе го искористме за консултации, рече министерот Адеми.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Фирми блиски до СДСМ се главни за марихуаната
-

„Безбеден град“ за една недела регистрирал 4 991 прекршок, најмногу за брзо возење
-

СДСМ: Како поминаа 5 тони дрога на граница?
-

ЈОРСМ: Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана
-

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра
-

Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија
-

Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ
-

Владина делегација во Париз на средби со високи претставници на УНЕСКО
