Џет-Сет
28. September 2016 - 16:59

Адел со најмногу продадени албуми во 21 век

Новиот албум на британската поп-ѕвезда Адел е продаден во САД во 10 милиони примероци со што таа има најмногу продадени албуми во 21 век.

Адел последниот албум го издаде лани во ноември. На церемонијата во Медисон сквер гарден во Њујорк, каде одржа шест концерти беше наградена со дијамантска плоча.

Американското Здружение на дискографски куќи - RIAA, соопшти дека претходниот албум на Адел објавен во 2011 година е продаден во повеќе од 14 милиони примероци во САД.