Џет-Сет
22. November 2015 - 11:53

Адел се појави на аудиција за своја имитаторка

Адел се маскираше во самата себеси и се појави на аудиција за најдобра имитаторка на Адел.

Во соработка со актерот, водителот и имитатор Грејам Нортон, пејачката Адел се појави на аудиција за својата имитаторка.

Популарната пејачка се согласи да се маскира во самата себе во шоуто на Би Би Си и им приреди вистинско изненадување на своите обожавателки.

За да не ја препознаат останатите девојки, шминкерките Адел ја маскираа во дадилката Џени, на која и направија нов нос и брада. Пејачката го промени тонот на гласот и одлично одглуми трема ис трес.

Кандидатките во ништо не се сомневаа до моментот кога Адел запеа, а тогаш настана вистинско воодушевување.

Еве како изгледаше тоа: