-->
-->
Адел се огради од Доналд Трамп
-->
Британската поп ѕвезда Адел објави соопштение со кое сака да се огради од претендентот за кандидат на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, откако тој ги користеше нејзините песни на митинзите.
На неодамнешните митинзи на Трамп, е пуштан хитот на пејачката „Rolling In The Deep", наведува Би-Би-Си.
- Адел не даде дозвола дека нејзината музика може да се користи на која било политичка кампања, потврди потпаролот на ѕвездата.
Ова не е првпат пејачите да се оградуваат од Трамп, бидејќи користел нивни песни на митинзите.
Минатата година истото го направи и Стивен Тајлер, фронтменот на групата „Аеросмит“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи