-->
-->
Адел повторно во „блажена состојба“
-->
Една од најпопуларните британски пејачки, Адел, на својот последен концерт од нејзината северноамериканска турнеја, на обожавателите им соопшти дека е повторно бремена.
- Тоа е тоа. Се гледаме од другата страна. Чекам второ дете, изјави 28-годишната Адел пред присутните на концертот.
Тоа ќе биде второ дете на Адел и нејзиниот партнер Сајмон Конецки.
По промоцијата на својот втор албум „21“ во јануари 2011, Адел направи четиригодишна пауза од објавување нови песни и настапи. По паузата, во ноември 2015 година го објави албумот „25“, со кој постигна рекордна продажба. Во февруари и март 2017 година Адел ќе одржи турнеја во Австралија, по што, како што најави, ќе направи нова пауза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман