Адел покренува линија на „Икс-Икс-Ел“ гардероба
Британската пејачка Адел воопшто не се осврнува на критиките за вишокот килограми, а за да докаже дека воопшто не се грижи ако некои мислат дека е дебела, таа реши да лансира сопствена модна линија на гардероба со „Икс-Икс-Ел“ големина.
Според британските медиуми, 27-годишната пејачка, која неодмана го промовираше својот најнов албум „25“ со кој урива рекорди на проджаба и слушаност, во соработка со компанијата „Еванс“ ќе започне со производство на гардероба за жени со вишок килограми.
- Ова е само почеток. Таа работи на сопствени цртежи, советувајќи се неколкумина дизјанери, изјави извор близок до пејачката за магазинот „Нау“.
Весникот потсетува дека „Еванс“ и Адел веќе соработуваа во изработката на колекција инспирирана од фустанот што пејачката го носеше на доделувањето на наградите Греми во 2012 година.
Ново на Сител
-
Словенија, Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд бараат „Евровизија“ да го исклучи Израел
-
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради одржување на протест
-
ЛШ: Ливерпул загуби од Галатасарај, втори победи за Баерн, Интер и Реал
-
Блокирана Владата на САД
-
Грција денеска парализирана од генерален штрајк
-
Трет ден кампања за Локалните избори 2025
-
Самит за дигитализација на Западен Балкан 2025 во Скопје
-
Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер