АД ЕСМ ќе соработува со ЕБРД за инвестиции во обновливи извори и зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во услови на енегретска криза
Тековните проекти кои се реализираат од областа на обновливите извори, особено пуштањето во производство на првата фотонапонска електрана во кругот на РЕК Осломеј-Кичево, финансирана во еден дел со поволна кредитна линија од Европската банка за обнова и развој – ЕБРД, беа главна тема на денешната средбата меѓу претставниците на АД ЕСМ и ЕБРД.
Како што информираат од АД ЕСМ, на состанокот присуствуваа членови на Управниот одбор на АД ЕСМ, предводени од генералниот директор Васко Ковачевски, претставникот на ЕБРД во земјава Анди Аранитаси, главниот економист во одделот на ЕБРД за енергија и природни ресурси за Западен Балкан Анастасиос Гиаморидис, и банкарот од ЕБРД Стефан Костоски.
-На состанокот се дискутираше и за можностите за финансирање од страна на ЕБРД кон АД ЕСМ со цел да се обезбеди зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во услови на енергетска криза, а со тоа и зголемување на производството и сигурна и стабилна испорака на електрична енергија, велат од компанијата.
Раководството на АД ЕСМ и високите претставници на ЕБРД, додаваат, разговараа и за другите проекти кои се во тек на реализација или допрва треба да се реализираат, пред се фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 мегавати и фотонапонска електрана Битола 1 од 20 мегавати.
Ново на Сител
-
ЕП: ЕУ мора да изврши институционални реформи за се подготви за прием на нови членки
-
Скрининг на населението во Трубарево и околината денеска и утре
-
Зеленски: Москва се плаши од Вашингтон,САД може да ја потурне Русија кон мирот
-
Премиерот Мицкоски на увид во изградба на училишна сала во скопската населба Хром
-
САД го критикуваа Советот за безбедност на ОН за признавањето на палестинската држава
-
Супертајфунот Рагаса стигна до Хонг Конг, во Тајван остави 14 мртви и над 100 исчезнати
-
Уставниот суд ќе ја разгледува Одлуката на Владата за утврдување на бројот на членовите на советите на општините
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност