Абутовиќ и во новата сезона во дресот на Еурофарм Пелистер
Актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер за уште една сезона ја продолжи соработката со искусниот српски ракометар Илија Абутовиќ,
„Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето“, соопшти вечерва битолскиот клуб.
Абутовиќ дебитираше за Спартак Суботица во 2006 година, а потоа ги носеше дресовите на Партизан и словенечки Слован. Во 2011 година потпиша за Вардар 1961 и остана седум години во двократниот европски првак.
Кариерата ја продолжи во бундеслигашот Рајн Некар Левен, а последните две сезони пред да дојде во Битола ги мина настапувајќи за француски Шартр.
Ново на Сител
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди