Абе бара „нова ера“ во односите со Русија, Путин поддржува
Јапонскиот премиер Шинзо Абе го повика рускиот претседател Владимир Путин да покренат „нова ера“ во односите меѓу нивните држави, загрозени поради територијален спор од Втората светска војна.
– Ајде да ја прекинеме оваа абнормална ситуација што трае веќе 70 години и заедно да почнеме нова епоха во руско-јапонските односи што ќе трае во следните 70 години, наведе Абе во говор по нивниот состанок во Владивосток.
Путин одговори дека неговата држава е подготвена да преземе конкретни чекори со цел разрешување на територијалниот спор.
– Минатото не треба да биде пречка за напредување. Мора да смислиме како ќе ги решиме проблемите што не спречуваат да напредуваме, изјави Путин.
Абе во обраќање на економскиот форум во Валдивосток предложи средби со Путин еднаш годишно во тој град за да се разрешат несогласувањата. Односите меѓу Токио и Москва се затегнати поради спор од крајот на Втората светска војна кога советски трупи ги зазеле најјужните Курилски Острови во Пацификот, а кои Јапонците ги нарекуваат Северни територии.
Ново на Сител
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми
-
ДЗС: 3,5% инфлација во 2024 година
-
Штрајк на вработените во државното правобранителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Очекувам добри економски резултати
-
Охрид привлечен за посетителите
-
Текстилната индустрија зависи од странските партнери
-
Преглед на вестите од светот