Абазовиќ: На сите да им биде јасно дека Црна Гора е независна држава

На сите треба да им биде јасно, посебно на официјалните претставници од Белград, дека Црна Гора е независна држава, која самостојно одлучува за својата судбина и не прифаќа понижувања, порача потпретседателот на црногорската Влада, Дритан Абазовиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека усвоената Резолуција за Сребреница од страна на црногорскиот Парламент е против виталните интереси на српскиот народ.
Абазовиќ, меѓу другото, нагласи дека не постои страв за враќање на ДПС на Мило Ѓукановиќ на власт.
– Не постои страв за враќање на стариот режим. Без разлика на некои несогласувања, тешки зборови или нервоза, сигурен сум дека сите претставници на парламентарното мнозинство нема да го прокоцкаат историскиот пресврт кој се случи минатиот август, кога првпат беше придвижено демократското тркало. Посебно што вистинското демонтирање на октоподот допрва го очекуваме, бидејќи тоа најмногу зависи од правосудните органи, кои се на пат да се консолидираат, додаде Абазовиќ.
Тој потсети дека Црна Гора води добрососедска политика.
– Апелирам на сите актери да заборавиме на национализмот, непријателството и минатото, бидејќи тоа никому не донело ништо добро. Да се посветиме на решавање на проблемите и да ја менуваме иднината. Подготвен сум на дијалог со колегите и тоа е сега најпотребно. И премиерот и лидерите на партиите од парламентарното мнозинство знаат дека излезот од оваа ситуација е во разговор и договор, заклучи потпретседателот на црногорската Влада.
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
