Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
Обвинителот, Ислам Абази чиј избор ја збуни јавноста пред точно две години, денеска го презентираше првиот извештај за својата работа. Отчет даваше пред Советот на јавни обвинители.
Се пофали дека во соработка со агенцијата ОТА, следењето на телефонски комуникации за потреби на предметите, сега се прави од просториите на обвинителството.
Во 2023 година, биле поднесени помал број на кривични пријави во споредба со годината кога не беше на раководната позиција, ама имало поголем број обвинети. Прашан колку предмети од поранешното СЈО ги работи неговото обвинителство, рече дека не може да ги издвои како бројка.
Абази не сакаше да зборува надвор од салата, сите податоци ги презентирал пред советот.. Новинарите пак ги интересираше дали обвинителството истражувало функционери.
„За високи функционери, ништо немаше. Само криумчарење мигранти.
-Е, ако де, тоа е сега. Здравје“, одговори Ислам Абази, Шеф на ОЈО ГОКК.
Во меѓувреме, од владата велат дека повеќе нема да толерираат неработење на институциите кои треба да спроведуваат правда.
Советот на обвинители пак, на денешната седница оцени дека неспроведливо е барањето на антикорупционерите да ги стави вон сила одлуките со кои Претседателката и нејзиниот заменик треба да членуваат во Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители.. Според Советот, објаснувањето на ДСКС би забранило членство на секој обвинител, бидејќи сите биле избрани и именувани..
„Во сите досегашни состави на УО на Академијата членувале членови на советот. Доколку постоел таков судир, ДКСК требала тоа и морала да го констатира“, изјави Душица Димитриевска, Претседател на Совет на јавни обвинители.
Тврдењето на ДКСК за акумулирање моќ и опасност од влијание, според советот е погрешно, бидејќи како што велат, судир на интереси има само ако се членови на примената и завршната комисија.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар