Абас: Палестинската управа е подготвена да ја преземе целосната одговорност во Газа
Палестинската управа е подготвена да ја преземе целосната одговорност во повоената Газа, истакнува палестинскиот претседател Махмуд Абас во својата прва изјава по објавувањето на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, што треба да почне во недела.
– Палестинската влада ги заврши сите подготовки да ја преземе целосната одговорност во Газа, вклучувајќи ги и раселените, обезбедувањето основни услуги, управувањето со премините и реконструкцијата на териториите разурнати во војната, се вели во пишаната изјава на Абас.
Палестинската управа, во која доминира партијата Фатах на Абас, контролира делови од другата палестинска територија на Западниот Брег, која е под израелска окупација.
Газа е управувана од Хамас од 2007 година, откако ги победи силите лојални на ривалот Фатах.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху досега отфрлуваше каква било улога на палестинската управа во Газа, одбивајќи да предложи алтернатива, под притисок на неговите екстремно десничарски партнери кои сакаат да основаат еврејски населби во Газа.
Ново на Сител
-
Лажни дојави за бомби испразнија повеќе основни и средни училишта низ Македонија
-
Јавна расправа во собранието - како да се зголеми безбедноста во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет
-
Граѓаните и денеска ги бојкотираат големите маркети
-
Преглед на вестите од светот
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици