Абас: Одлуките на Ликуд се поддржани од САД
Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска ја осуди резолуцијата на владејачката израелска партија Ликуд со која се бара анексија на еверејските населби на Западен Брег, истакнувајќуи дека резолуцијата не би била донесена без поддршка на САД.
- Одлуката на Централниот комитете на Ликуд не би можела да биде донесена без целосна поддршка на американската администрација која одби да ги осуди израелските колонијални населби, како и систематски напади и злосторства на израелската окупација над народот на Палестина. Одлуката на Ликуд е дел од планот на Израел да ги избрише неотуѓивите права на палестинскиот народ, посочи Абас.
Тој додаде дека израелската Влада со поддршка од администрацијата на САД не е е заинтересирана за траен мир, туку нејзина цел е „консолидација на режимот на апархејдот во цела историска Палестина“.
- Обидите на Израел да ја убие шансата за мир ќе бидат дочекани со голема одлучност и цврстина. Ниту еден народ на светот не прифатил да живее како роб и Палестинците нема да бидат први што тоа го направиле, посочи Абас.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
-

Лејкерси го зголемија водството во серијата против Хјустон
-

Интер се врати од негатива од 0:2 и го победи Комо во полуфиналето на Купот на Италија
-

Цените на нафтата остануваат високи и покрај продолжувањето на примирјето од страна на Трамп
