-->
-->
АБА: Првакот Ц.Звезда домаќин на МЗТ Скопје Аеродром
-->

Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром новата сезона ќе ја почнат со гостувањето кај шампионот на АБА лигата Црвена Звезда во Белград. „Металците“ изминативе денови одиграа неколку контролни дуели, што беше добар момент за тренерот Емил Рајковиќ по комплетирањето на тимот. Во слична ситуација е и нивниот вечерашн ривал Црвена Звезда, која пак сеуште го нема комплетирано ростерот за оваа сезона. Почетокот на дуелот е во 19 часот.
Од првото коло од АБА лигата вечерва од 21 часот играат и Задар – ФМП, а натпреварувањето старуваше со двата натпревара одиграни синоќа. Во дербито на колото Будуќност како гостин славеше победа над ланскиот финалист Цедевита со 80:70, додека во драматична завршница Мега ја совлада Олимпија со 86:85.
Вториот македонски тим во АБА лигата Карпош Соколи утре од 17 часот гостува кај Крка, а покрај овој дуел утре играат и Морнар – Партизан. Колото ќе биде комплетирано во недела со натпреварот Игокеа – Цибона.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
