-->
-->
АБА лигата скратена , Македонија со еден претставник
-->

Бордот на АБА лигата, по одржаното Собрание, соопшти дека регионалното натпреварување од наредната сезона, наместо 14 ќе брои 12 тимови. Македонија во новиот натпреварувачки систем доби едно место, а учесник ќе биде МЗТ.
На состанокот во Загреб беа донесени уште неколку одлуки, а Бордот нагласи дека АБА лигата имала уште една успешна сезона. Исто така на Собранието биле изнесени голем број на планови за понатамошно развивање на кошарката во регионот.
Уште еднаш е актуелизиран планот за формирање на Втора лига и за организирање на Суперкуп, кој би се играл пред почетокот на секоја сезона.
Најважната одлука која беше донесена е онаа за намалување на бројот на екипи од 14 на 12, што значи дека без едно место останаа Македонија и Словенија. Овие две држави минатата година ги преставуваат Карпош Соколи, односно Крка.
„Согласно овие одлуки учесници во АБА лигата во сезоната 2017/2018 се: Цедевита, Задар, Цибона, Унион Олимпија, Игокеа, Будуќност, МЗТ Скопје Аеродорм и Морнар, додека преостанатите четири места ги добиваат клубовите од Србија, односно ќе најдобрите четири тимови од Кошаркарската лига на Србија“, се вели во соопштението од АБА лигата.
Суперкупот со кој ќе биде означен почетокот на сезоната ќе се одржи во Бар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонските ракометари во група со силни противници на Светското 2027
-

Вучиќ: Наскоро поднесувам оставка, размислувам за кандидатура за премиер
-

Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
-

Трамп: Денеска повторно силно ќе го нападнеме Иран
-

Шампионот Вардар казнет парично поради пиротехника од ФФМ
-

Уапсен разбојник од битолско, влегол во туѓ дом, го нападнал сопственикот и му одзел личен предмет
-

ЈП Лајка: Токсичниот инсектицид ланате е отровот што деца го пронајдоа во близина на детско игралиште во Кисела Вода, утврди Институтот за судска медицина
-

Приведени 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола
