АБА лигата се сторнира, МЗТ ќе игра во втората дивизија
Клубовите од АБА лигата на денешниот состанок донесоа одлука за крај на кошаркарската сезона 2019/2020.
Поради коронавирусот првенството во регионалната лига беше прекинато на две кола до крајот. Во тој момент Партизан, Будуќност и Црвена звезда имаа обезбедено настап во плеј-офот, а за четвртото место се бореа Цедевита Олимпија и Морнар.
На состанокот е решено сезоната да биде поништена што значи дека нема да биде прогласен шампионот.
Ваквото решение е очекувано бидејќи во понеделникот беше соопштено дека нема да продолжи сезоната во Евролигата и Еврокупот. УЛЕБ објави дека екипите кои ја започнаа сега веќе прекинатат сезона ќе се натпреваруваат во Евролигата и наредната сезона, додека на четврт-финалистите во Еврокупот им гарантира учество во сезоната 2020/2021.
Наредната сезона АБА ќе биде проширена со првите два тима од АБА 2 лигата, а тоа се Борац од Чачак и Сплит што значи дека МЗТ Скопје ќе остане во втората дивизија.
Ново на Сител
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка