-->
-->
АБА лига: МЗТ Скопје загуби од Игокеа
-->

Кошаркарите на македонскиот шампион не ја искористија првата шанса за обезбедување опстанок во АБА лигата. Тие загубија на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ од Игокеа 67:71 во меч од 23. коло од регионалното натпреварување.
Сино-белите постојано заостануваа зад противникот, но секогаш беа на достижна дистанца до него. Во финишот со тројката на Ксавиер Темс поведоа и со 61:58, но потоа противникот постигна неколку коша во серија, и повторно го презеде водството, кое умешно го одржа до самиот крај.
Ѓорѓе Дреновац со 16, Ксавиер Темс со 15 и Јуре Лалиќ со 10 поени не му помогнаа на МЗТ Скопје да го избегне
16-пораз сезонава во АБА лигата.
По овој пораз македонскиот шампион е во ситуација да „мора“ да забележи победа на еден од последните два меча и тоа против црногорските екипи на гостувањето кај Будуќност следниот понеделник, или домашен терен против Морнар во последното коло.
Оваа рунда во АБА лигата ќе биде заокружена во среда со натпреварот Задар – Цибона.
Табела: Црвена Звезда 23-1 (победи-порази), Цедевита 18-6, Партизан 18-6, Будуќност 17-7, Игокеа 12-12, Цибона 11-12, ФМП 10-14, Олимпија 10-14, Мега 9-15, Карпош Соколи 9-15, Морнар 8-16, МЗТ Скопје 8-16, Крка 7-17, Задар 7-16.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Мемов, директор на ПИОМ
