-->
-->
АБА лига: Црвена Звезда поуспешна од Цибона
-->
Актуелниот првак на АБА лигата Црвена звезда оствари убедлива победа на последниот натпревар од 12.коло.
На домашен терен „црвено-белите“ славеа триумф над Цибона со 75:58 (19:10; 19:11; 23:24 и 14:13).
Ова за Црвена Звезда беше деветта победа сезонава со што се изедначи со бројот на победи со Цедевита и Мега Лекс, а има една помалку од лидерот Будуќност.
На вториот натпревар одигран синоќа Задар ја победи Игокеа со 69:60.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Тајфун – МЗТ Скопје Аеродром 68:62, Будуќност – Сутјеска 89:87, Цедевита – Партизан 75:72, Мега – Крка 84:77 и Олимпија – Металац 76:62.
Табела: Будуќност 10-2 (победи-порази), Црвена Звезда 9-3, Цедевита 9-3, Мега 9-3, Задар 7-5, Крка 6-6, Игокеа 5-7, Олимпија 5-7, Тајфун 5-7, МЗТ Скопје А. 4-8, Партизан 4-8, Цибона 4-8, Металац 4-8, Сутјеска 3-9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево