Кошарка
3. October 2016 - 8:51

АБА лига: Будуќност со две победи на стартот

Екипите од АБА лигата продолжуваат со натпреварите и секој ден има нови возбудувања. Синоќа беа одиграни два натпревара, а до втората победа стигнаа кошаркарите на Будуќност откако славеа на домашен терен против Задар со 105:89. 
Пред овој дуел се одигра и последниот натпревар од 1.коло, во кој Цибона како гостин ја совлада Игокеа со 71:61 како гостин.
Вечерва се игра „реприза “ на последното финале меѓу Црвена Звезда и Цедевита.
Утре на програмата се три натпревари: МЗТ Скопје Аеродром – Партизан, ФМП – Мега и Цибона – Морнар. Во среда се игра дуелот во Скопје меѓу Карпош Соколи и Игокеа, додека дуелот Олимпија – Крка ќе се игра на 5.декември.