-->
-->
АБА: Кои се најдобрите во регуларниот дел
-->
Миро Билан, центарот на Цедевита е најкорисниот играч во регуларниот дел од сезоната во АБА лигата. Прв стрелец во лигата е Тадија Драгичевиќ, а на четвртото место во оваа категорија е играчот на МЗТ, Ѓорѓе Дреновац. Најдобар скокач е Анте Жижиќ, а прв асистент во лигата е ветеранот Омар Кук.
Центарот на Цедевита, Миро Билан, со оглед на формата очекувано е прогласен за МВП на сезоната, тој во просек по натпревар имал 20,81 индексни поени. Зад Билан во оваа категорија се Сава Лашиќ (Олимпија), Анте Жижиќ (Цибона), Кевин Џонс (Партизан) и Немања Врањеш (Сутјеска).
Најдобар стрелец е крилниот играч на Будуќност, Тадија Драгичевиќ, со просек од 16,33 поени по натпревар, додека прв асистент во лигата е неговиот соиграч Омар Кук, со просечни 6,62 асистенции по натпревар. Овие двајца се најзаслужните што Будуќност го освои првото место во регуларниот дел од сезоната со скор 23 победи и три пораза.
На листата на најдобри стрелци зад Драгичевиќ се Џонс од Партизан, Лешиќ од Олимпија, крилото на МЗТ, Ѓорѓе Дреновац и Тимоти Лваву од Мега Лекс.
Најдобар скокач во АБА лигата е 19-годишниот центар на Цибона, Анте Жижиќ, со просечни осум скокови по натпревар. Жижиќ одигра одлилна сезона поради што од страна на лигата беше прогласен за најдобар млад играч, во конкуренција на Марко Гудуриќ од Црвена ѕвезда и Тимоти Лваву од Мега Лекс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште