Кошарка
10. December 2016 - 19:42

АБА: Клоф „утна“ продолжение!

Кошаркарите на МЗТ Скопје во драматичен финиш се поразени во Бар од Морнар  со 65:64  во рамките на 13. коло во АБА-лигата. Домаќинот во последната четвртина влезе со предност од 10 поени но нашиот шампион успеа да стигне до подносливи два поени . Во финишот Клоф уфрли само едно слободно фрлање и  не успеа да обезбеди продолжение во драматичната завршница. Клоф и Лалиќ беа најефикасни со по 14 поени кај МЗТ.