-->
-->
АБА: Карпош Соколи го победи ФМП и судиите
-->
Кошаркарите на Карпош Соколи ја постигнаа деветата победа во АБА лигата откако вечерва по продолжение на домашен терен ја совладаа екипата на ФМП со 88:81. Воедно ова е четвртта победа во серија.
Карпош Соколи подобро го почна натпреварот и имаше водство во првиот период, а во вториот период гостите го намалија водството. Во овој период екипата на Карпош Соколи доби три технички грешки.
Во вториот дел Карпош Соколи имаше и двоцифрена 62:47, но ФМП успеа да намали и во завршницата повторно со неколку судиски одлуки (судии беа: Војиновиќ, Драгојевиќ и Спендл) кои беа во корист на гостите стигнаа до водство (70:74). Во последниот напад Карпош Соколи со кошот на Пери со звукот на сиренета стигна до изедначување (75:75).
Во продолжението домашната екипа беше подобра и победи со 88:81.
Најефикасни беа Лабовиќ со 21 поен и Пери со 11, а кај ФМП Човиќ 17.
Карпош Соколи настапи ослабен откако во првиот дел се поверди Вркиќ.
Карпош Соколи со оваа победа се проби на 6.место на табелата.
Утре вториот македонски тим МЗТ Скопје гостува кај Олимпија во Љубљана, а натпреварот почнува во 21 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот