АА: СДСМ и ДУИ се уште не се опоравиле од црвениот картон од гостиварци
Бродот на СДСМ кој тоне, денеска го спомнал градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Знаќи сè уште не се опоравиле од кошмарот што граѓаните им покажаа црвен картон во Гостивар заедно со ДУИ.
Што се однесува до локалната власт во Гостивар, само да потсетиме дека и покрај уцените, пречките на СДСМ-ДУИ, Таравари со својот тим досега го има остварено следново:
- 40 километри асфалтирани патишта
- 80 км канализација
- 50 км водовод
- 5 нови градинки
- 3 младински центри
- Центар за аутизам (како единствен град во РСМ)
- 10 реновирани училишта
- 20 нови училишни кабинети
Ве потсетуваме дека СДМС-ДУИ постојано го дискриминираа Гостивар, исто како што се случи со финансиските средства од ТАВ, каде во секоја општина се користеа за патна инфраструктура, училишта, канализација или слично, а за локалната власт во Гостивар не издвоија ниту еден денар.
Ќе продолжиме да работиме, да се грижиме за граѓаните, а ќе работиме за да и вашите денови на власт се ситнат. Од денеска започнува одбројувањето на вашиот криминал и корупција.
Алијанса за Албанците - Огранок Гостивар
Ново на Сител
-
Чулев: Оставки на Спасовски и Османи затоа што тргнаа против својот народ за да ја сочуваат власта
-
Груби: Можно е Владата уште денеска да го достави францускиот предлог до Собранието
-
МВР: Кривична против 12 лица за инцидентите пред Собранието
-
Таравари: Човекот со пиштолот бил револтиран што демонстрантите му го демолирале хотелот
-
Таравари: Нашата соработка со Арсовска завршува со разрешувањето на директорот на Комунална хигиена
-
Возел со 227 km/h - 232 санкции за брзо возење на територија на државата
-
Приведено 18-годишното момче кое фрли молотов коктел кон Собранието
-
МВР: Повредени тројца полициски службеници, а приведени пет лица за време на вчерашниот јавен собир | ВИДЕО