Македонија
27. December 2015 - 17:25
900 бебиња годишно се раѓаат во болницата во Гостивар
Гостивар е една од ретките општини во Македонија која години наназад бележи позитивна стапка на природен прираст, односно повеќе новороденчиња отколку починати. Годишно на гинеколошкото одделение во гостиварската болница се раѓаат околу 900 бебиња, додека околу 200 гостиварки породувањето го вршат во болниците надвор од градот. Со оглед дека досега во болницата се родиле 870 деца се очекува слична бројка.
Статистиката на гинеколошкото одделение покажува дека последната тројка во Гостивар е родена пред 10 години, но затоа близнаците не се така редок случај.Според последните податоци на Државниот завод за статистика на ниво на Македонија бројот на новороденчиња е намален за околу 3% споредено со лани.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
