-->
-->
9 години затвор за Ѓоко Поповски во случајот "Триста"
-->
Поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски денеска е повторно осуден на затворска казна од 9 години. Тој треба да ја надомести и штетата предизвикана врз буџетот на МВР во висина од 27.894.522 ден.
Според судијата Добрила Кацарска, Поповски спротивно на законот за јавни набавки потпишал договори за набавка на 300 возила за МВР без да го почитува критериумот за најповолен економски понудувач па така се купиле возила од повеќе компании независно од понудената цена.
Претходно, во мај лани, за овој случај, поранешниот помошник министер во МВР беше осуден на затворска казна од 9 години. На крајот од минатата година, Апелациониот суд ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник