Македонија
15. March 2022 - 12:05

84-годишник со „хонда“ удрил во 81-годишен пешак во Марино

84-годишник со „хонда“ удрил во 81-годишен пешак.

- На 14.03.2022 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Илинден, скопско, патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Г.(84) од с.Марино, скопско удрило во  Р.С.(81) од населба Илинден. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.